(Видео) Турската полиција со солзавец ја растури Парадата на гордоста во Истанбул

пред 1 година

Турската полиција испука солзавец за да ги растера луѓето собрани на денешната Парада на гордоста во центарот на Истанбул, а околу 20 лица, вклучително и фоторепортери, се приведени, јавија локалните медиуми.

„Ројтерс“ извести дека постојат снимки на кои се гледа како полицијата под целосна воена опрема турка и влече луѓе, од кои некои вееле знамиња во боја на виножито, додека се собирале за настанот на споредна улица што се вкрстува со Централната авенија Истикал.

Турските власти во претходните години неколку пати забрануваа Паради на гордоста.

Турција е кандидат за влез во Европската унија веќе подолго време, но процесот на пристапување забавува со години поради напнатоста по низа прашања, вклучително и човековите права.

Во заедничко писмо во четвртокот, повеќето лидери на ЕУ ветија дека ќе продолжат да се борат против дискриминацијата кон ЛГБТ заедницата, во екот на жестоката јавна дебата во Унгарија, чиј парламент минатата недела забрани по училиштата да дистрибуира материјал и содржини кои промовираат хомосексуалност или промена на полот.

Share

https://tai.go88.is/

sunwin link tải sunwin online sunwin s.r.o

Scroll to Top