(Видео) Турција издаде жолто предупредување за 19 провинции поради обилни врнежи од дожд

(Видео) Турција издаде жолто предупредување за 19 провинции поради обилни врнежи од дожд

пред 3 часа

Метеоролошката служба на Турција денес издаде жолто предупредување за 19 провинции поради обилни врнежи од дожд и грмотевици, со ризик од поплави, порои, лизгање на земјиштето и силни ветрови.

Локално се предвидуваат многу обилни врнежи од дожд во крајбрежните области, објави „ТРТ Хабер“.

Се очекуваат и удари од гром, локални бури со град и прекини во сообраќајот.

Обилни врнежи од дожд и грмотевици во некои провинции, вклучувајќи ги Елазиг, Тунџели, Бингол, Газиантеп, Шанлиурфа и Дијарбакир, би можеле да траат до утре наутро.

Метеоролошката служба ги повика граѓаните да бидат внимателни и да преземат мерки на претпазливост, објави Танјуг.

Во меѓувреме, здравствените установи во Турција денес ќе работат со скратено работно време, поради почетокот на празникот Ден на Републиката.

Амбулантските клиники во државните болници и центрите за семејно здравје ќе работат наутро, додека службите за итна медицинска помош ќе продолжат да работат без прекин, објави Си-Ен-Ен Турк.

Утре, на Денот на Републиката, клиниките и центрите за семејно здравје ќе бидат затворени, а здравствените услуги ќе бидат достапни преку дежурни служби.

Текстот (Видео) Турција издаде жолто предупредување за 19 провинции поради обилни врнежи од дожд е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top