(Видео) Уапсен возачот на автомобилот што удри во оградата на канцеларијата на Меркел

пред 6 години

Автомобил управуван од непознато лице удрил во оградата на канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин. Полицијата го уапсила возачот.

„Истражуваме дали возачот намерно ја погодил оградата. Тој е уапсен“, напиша полицијата на „Твитер“.

Според фотографиите на „Ројтерс“ од местото на настанот, на автомобилот што удрил во портата биле напишани и пораки.

„Билд“ пренесува дека е можно да станува збор за политички мотивиран напад и тие наведуваат дека истиот тој возач веќе удрил во истата ограда пред шест години.

„Стоп за политиката на глобализација“ и „Проклети убијци на деца и стари луѓе“, пишува на вратата од автомобилот.

Ниту оградата, ниту автомобилот не се многу оштетени.

Не е познато дали има повредени, ниту дали канцеларката Меркел била во зградата за време на инцидентот. Десетици полицајци и противпожарно возило беа на самото место на настанот. Возачот, кој бил во доцните средни години, бил однесен во инвалидска количка.

Share
Scroll to Top