(Видео) Убиен свештеник во црква во Тексас

пред 7 месеци

Свештеник е убиен, а двајца други се ранети во пукање во црква на истокот на американската сојузна држава Тексас.

Локалниот шериф изјави дека свештеникот се спротивставил на човекот кој се криел во црквата од полицијата, пренесува АП.

Вчера полициските сили користеа обучени кучиња трагачи и беспилотни летала во потера по бегалец криминалец во шумата околу градот Винона, по што следеше автомобилска потера, а потоа бегалецот се криел во црквата каде што бил откриен утрово од локален свештеник.

Кога го открил криминалецот, свештеникот извадил пиштол, но бегалецот успеал да му го зеде, пука во него и го убил, а притоа ранил уште две лица.

Убиецот потоа украл возило и побегнал, но бил уапсен во околината на округот Харисон.

Share

AnimeDao animedao website: Watch The Promised Neverland Episode 12

AniWatch anime: Death Note (Dub) (https://aniwatch.pro/m/m35G) Episode 37

Scroll to Top