(Видео) Украина погоди два руски танкери од „флотата во сенка“, објави Зеленски

(Видео) Украина погоди два руски танкери од „флотата во сенка“, објави Зеленски

пред 2 часа

Украински поморски дронови онеспособиле два руски нафтени танкери во близина на пристаништето Новоросијск на Црното Море, соопшти украинскиот претседател, Володимир Зеленски.

Тој објави и снимка од нападот, наведувајќи дека погодените пловила припаѓале на руската „флота во сенка“ што се користи за транспорт на нафта.

Зеленски порача дека Украина ќе продолжи да ги развива своите капацитети за далекуметни удари по море, воздух и копно.

Според украинските власти, целта на ваквите напади е да се намалат руските приходи од извоз на нафта, кои се клучни за финансирање на воените операции.

Текстот (Видео) Украина погоди два руски танкери од „флотата во сенка“, објави Зеленски е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top