Високите температури во Европа однесоа осум животи,  додека температурата на континентот надминува 40 степени

Високите температури во Европа однесоа осум животи, додека температурата на континентот надминува 40 степени

пред 16 часа

Шумски пожар во Шпанија и високите температури во другите делови на Европа однесоа уште осум животи, додека температурата на континентот надминува 40 степени.

Двајца земјоделци загинаа во пожар во близина на градот Коско во Каталонија, во Италија двајца мажи загинаа на плажите на Сардинија, а маж во осумдесеттите години почина од срцев застој во Џенова.

Десетгодишно американско девојче се сруши и почина за време на посетата на Версајската палата во Париз, објавува Би-Би-Си.

Француската министерка за еколошка транзиција, Агнес Паније-Рунаше, изјави дека во Франција се регистрирани уште два смртни случаи поврзани со топлината и дека повеќе од 300 луѓе побарале итна помош.

Во Шпанија и Англија, јуни беше најтопол откако се водат мерењата. Шпанската метеоролошка служба објави дека просечната температура од 23,6 степени минатиот месец го сруши рекордот, надминувајќи го нормалниот просек за јули и август.

Франција го забележа својот втор најтопол јуни откако започнаа евиденциите во 1900 година. Јуни 2023 година беше потопол.

Топлотните бранови стануваат сè почести поради климатските промени предизвикани од човекот, според Меѓувладиниот панел на ОН за климатски промени.

Беше објавено дека екстремно топлото време ќе се појавува почесто и ќе станува уште поинтензивно како што планетата продолжува да се затоплува.

Текстот Високите температури во Европа однесоа осум животи, додека температурата на континентот надминува 40 степени е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top