Воен брод на НАТО вплови во украинското пристаниште Одеса

пред 3 години

Воениот брод на НАТО, Оверњ Д654 утрово вплови во украинското пристаниште Одеса, пренесува локалниот весник „Думскаја“.

Во извештајот се наведува дека бродот отпловил за Одеса во 9:30 часот по локално време, а прв се качил командантот на украинската морнарица, објави Телеграф.

Тоа е 10-ти брод на НАТО што влегол во Одеса годинава, а „Думскаја“ наведува дека во тој град ќе остане до 28 декември.

Оверњ е најмодерниот брод во француската морнарица, а во употреба е од февруари 2018 година, пренесува РИА Новости.

Се очекува реакцијата на Русија, која го предупреди Западот дека акумулацијата на војници на НАТО на границите во негова близина може да предизвика сериозен конфликт кој не е во ничиј интерес.

Од друга страна, Украина ја обвинува Русија дека доставува оружје и носи десетици илјади војници на границата со Украина и дека тоа е сериозна закана за таа земја. Сметаат дека рускиот изговор дека се работи за воени вежби е лажен.

Share
Scroll to Top