Возило полно со експлозив удри во спортски клуб во Портланд: Возачот загина, зградата тешко оштетена

Возило полно со експлозив удри во спортски клуб во Портланд: Возачот загина, зградата тешко оштетена

пред 3 часа

Возило наполнето со експлозив во саботата удрило во главниот влез на атлетски клуб во центарот на Портланд, во американската сојузна држава Орегон, соопштија локалните власти.

Според информациите, возачот загинал, а зградата во која удрил автомобилот е сериозно оштетена.

Противпожарно-спасувачката служба на Портланд соопшти дека пожарникарите реагирале на пријава за возило кое удрило во главниот влез на атлетскиот клуб „Малтнома“ нешто пред 3 часот по локално време, пренесува „Си-Би-Ес Њуз“.

По ударот, возилото се запалило, а откако пожарот бил ставен под контрола, полицијата го пронашла телото на возачот.

Мажот кој управувал со автомобилот сè уште не е официјално идентификуван, но полициски извори за локалните медиуми изјавиле дека станува збор за поранешен вработен во атлетскиот клуб.

Текстот Возило полно со експлозив удри во спортски клуб во Портланд: Возачот загина, зградата тешко оштетена е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top