(Вознемирувачко Видео) Талибанците егзекутираа авганистански војници кои со кренати раце сакаа да се предадат

пред 3 години

Си-Ен-Ен објави видео на кое се гледа како талибанците убиваат авганистански војници кои пак сакаа да се предадат на 16 јуни.

На снимката се слуша како некој вика: „Предајте се, командоси, предадете се!“. После тоа, се гледа дека невооружени луѓе излегуваат од зградата и наскоро талибанците пукаат во нив извикувајќи „Алаху Акбар“ (Бог е голем).

На 16 јуни, талибанците убија припадници на авганистанските специјалци во градот Давлат Абад во провинцијата Фаријаб, близу авганистанската граница со Туркменистан. Си-Ен-Ен наиде на неколку снимки од настаните, ја потврди нивната автентичност и разговараше со сведоци.

На видеото се гледа како телата на авганистанските војници лежат расфрлани на пазарот.

Сведоците рекле дека војниците останале без муниција по жестока борба да го задржат градот и дека наскоро биле опколени од талибанците. На едно видео, кое трае околу 45 секунди, може да се слушне случаен минувач кој им вели на талибанците на локален јазик да не пукаат кон војниците.

„ Не пукајте ги, не пукајте ги, ве молам. Како тоа Паштуните убиваат Авганистанци“ – вели минувачот.

Инаку, Паштуните се иранска етничка група во Авганистан.

Црвениот крст потврди дека биле пронајдени 22 тела на авганистански војници. Овие убиства испраќаат спротивна порака од тврдењата на талибанците дека прифаќаат предавање на војниците и, во некои случаи, им плаќаат да си одат дома затоа што така ја обезбедуваат авганистанската територија.

Три дена по борбите во Дават Абад, талибанците објавија видео на кое се гледа како војниците заплениле оружје. Тие за Си-Ен-Ен изјавија дека снимките од застреланите авганистански војници се лажни и дека всушност станува збор за пропаганда на владата која сака да спречи идно предавање.

Авганистанското Министерство за одбрана негираше дека талибанците држат војници и за Си-Ен-Ен изјави дека тие биле убиени. Неколку сведоци од Дават Абад за Си-Ен-Ен изјавија дека талибанците ладнокрвно пукале кон војниците.

По објавата на американскиот претседател Џо Бајден дека ќе ги повлече сите американски трупи од земјата до 11 септември, десетици илјади цивили беа раселени низ целиот Авганистан.

Талибанците тврдат дека ја презеле контролата над скоро 200 окрузи, претежно во северен и северозападен Авганистан.

Share
Scroll to Top