Вооружени напаѓачи убија позната ТВ-водителка во Авганистан

пред 4 години

Вооружени лица денеска пукаа и ја убија ТВ-водителката Малала Маиванд во источниот дел на Авганистан, соопштија официјалните лица.

Напаѓачите отворија оган кон автомобилот на Малала Маиванд рано утрово кратко откако таа ја напушти својата куќа во источната провинција Нангархар, изјави портпаролот на гувернерот на провинцијата, Атаулах Когиани, пренесе АП.

Никој не презеде одговорност за убиството, но огранок на Исламска држава со седиште во источен Авганистан ја презеде одговорноста за повеќето неодамнешни напади врз цивили во Авганистан.

Талибанците се активни и во оваа област.

Покрај тоа што работеше како ТВ и радио водител, Мајнвад беше и активистка која се залагаше за правата на авганистанските жени и деца.

Share
Scroll to Top