Најмалку три лица се убиени во вооружен напад на градинка во Улјановската област во Русија. Меѓу убиените се две деца и медицинска сестра.
Вооружен маж упаднал во детска институција и отворил оган, изјавил извор за Интерфакс.
Според изворот, напаѓачот се самоубил. Мотивите на напаѓачите не се познати.