Во Австралија пронајдени посмртните останки на девојчето што го нападна крокодил

Во Австралија пронајдени посмртните останки на девојчето што го нападна крокодил

пред 6 месеци

Полицијата во Австралија денеска пронашла останки на 12-годишно девојче, кое било нападнато од крокодил во поток во близина на реката Дејли на северната територија на Австралија.

Началникот на полицијата, Ерика Гибсон, изјави дека девојчето било на одмор со своето семејство кога го посетиле потокот во Нганмаријанга, абориџинска заедница во регионот на реката Дали, во близина на Палумпа, пренесува „Скај њуз“.

Како што се наведува, исчезнувањето на неименуваното дете било пријавено во вторникот околу 17.30 часот по локално време.

Гибсон истакна дека инцидентот е потсетник дека во водите на Северната Територија „секогаш треба да се смета на крокодили“.

Крокодилите, кои може да пораснат и до шест метри, се територијални и се претпоставува дека тој што го уби девојчето ќе остане во блиските води.

 

Текстот Во Австралија пронајдени посмртните останки на девојчето што го нападна крокодил е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top