Во Австрија уапсени четири лица поради планирање исламистички напад врз цркви

Во Австрија уапсени четири лица поради планирање исламистички напад врз цркви

пред 10 месеци

Разузнавачка служба на Австрија приведе четири лица во истрагата за исламистичка мрежа, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Апсењата следеа по индициите за можен напад врз црква во Виена и катедрала во германскиот град Келн. Управата за државна безбедност и разузнавање при МВР на Австрија во неделата соопшти дека во тек се распити на осомничените.

Засега не може да се даваат повеќе детали.

Германскиот весник Билд претходно објави за австриските апсења, како и за едно во Германија. На почетокот немаше потврда за ова. МВР во Виена соопшти дека безбедносната состојба во Австрија и низ Европа е тензична.

Затоа безбедносните служби презедоа мерки на претпазливост за време на божиќните празници во форма на зголемен надзор и следење на јавните простори. Слични изјави вчера даде и полицијата во Виена. Засилени се безбедносните мерки и во катедралата во Келн.

Текстот Во Австрија уапсени четири лица поради планирање исламистички напад врз цркви е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top