Во гранатирањето на Доњецк загинаа пет лица, меѓу кои и две деца

пред 3 години

Пет лица, меѓу кои две деца, загинаа вчера при руското гранатирање на Доњецк, потврди денеска гувернерот Павло Кириленко.

Во меѓувреме, уште три лица загинаа во областа Харков, а 14 се повредени како резултат на континуираното гранатирање во текот на вчерашниот ден, јавува Би-Би-Си.

Како што рече Кириленко, меѓу загинатите има и две деца на возраст од пет и 14 години.

Исто така, како што се наведува, за многу Украинци Велигден помина под строг полициски час.

– Благодарен сум на сите жители на регионот Харков кои овој Велигден се воздржаа од посета на црквите – објави на Телеграм гувернерот на Харков Олег Синегубов и додаде дека исто така им се заблагодарил на свештенството за разбирањето и промислената одлука да не се одржуваат ноќни богослужби.

Share
Scroll to Top