Во Париз се воведуваат дополнителни мерки поради коронавирусот

пред 4 месеци

Поради големиот број новозаразени во Париз ќе бидат воведени дополнителни мерки, меѓу кои и затворање на голем број објекти во вечерните часови, изјави Ана Идалго, градоначалничката на Париз.

Покрај националното заклучување, во Париз во 22 часот ќе бидат затворени дополнителни објекти, како оние што доставуваат храна или пијалаци, односно продаваат готова храна, пренесува „Ројтерс“.

Претседателот Емануел Макрон воведе нов локдаун минатиот месец, затворајќи ги сите продавници, освен оние што продаваат намирници или лекови, а граѓаните мора да имаат потпишан документ за да го оправдаат напуштањето на своите домови.

Но, властите велат дека се потребни уште поостри мерки во Париз затоа што премногу луѓе сè уште шетаат низ градот доцна во ноќта, и покрај затворањето на земјата.

Извор од француската влада неделава за Ројтерс изјави дека во Париз биле забележани тајни забави и приватни вечери и затоа треба да се воведат посериозни ограничувања.

„Кога имате луѓе кои не ги следат правилата на игра и затоа ги ставаат другите луѓе во опасност, тогаш мора да воведете нови ограничувања“, рече Идалго.

Франција вчера забележа 40.558 нови инфекции со Ковид-19 и 385 нови смртни случаи.

Share

DARLING in the FRANXX (Dub) (https://animeplanet.cc/m/Z5ml) Episode 24 at website https://animeplanet.cc anime planet anime

Watch Ex-Arm Episode 1 at KissAnime kissanime boku no hero

Scroll to Top