Најмалку седум лица загинаа, а 46 се повредени во пожар што зафати деловна зграда во јужнокорејскиот град Даегу, на околу 300 километри јужно од Сеул.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во седумкатницата избувнал пожар, а десетици луѓе биле евакуирани. Пожарот бил изгаснат по околу 20 минути, а во гаснењето учествувале 50 противпожарни возила и 160 пожарникари, јавува агенцијата Јонхап.
Полицијата ги истражува причините за пожарот.