Во Русија започна втората фаза од вежбите на нуклеарните сили, учествува и војската на Белорусија

Во Русија започна втората фаза од вежбите на нуклеарните сили, учествува и војската на Белорусија

пред 2 месеци

Во Русија почна втората фаза од вежбата на нестратешки нуклеарни сили, во која учествуваат и силите на Белорусија, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

„За време на вежбата ќе бидат разработени прашања за заедничка обука на единиците на вооружените сили на Руската Федерација и Република Белорусија за борбена употреба на нестратегиско нуклеарно оружје“, соопшти Министерството, а пренесува РИА Новости.

Во соопштението се нагласува дека целта на маневрот е да се одржи подготвеноста на персоналот и опремата на единиците за борбена употреба на нестратешко нуклеарно оружје на двете земји, со цел да се обезбеди суверенитет и територијален интегритет на Унијата на Русија и Белорусија.

Министерството за одбрана на Белорусија вчера соопшти дека земјата ќе учествува во нова фаза од вежбите на нуклеарните сили со Русија.

Текстот Во Русија започна втората фаза од вежбите на нуклеарните сили, учествува и војската на Белорусија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top