Во Србија 1.386 заболени и 16 починати од Ковид-19

пред 4 години

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани за коронавирус 7.292 лица, од кои 1.386 се позитивни. Починале нови 16 луѓе.

На болничко лекување сега се наоѓаат 3.846 пациенти, од кои 134 се на респиратори.

Од почетокот на пандемијата во Срија се тестирани 2.770.169 лица, а потврдени се 420.879 случаи на зараза. Вкупно починале 4.230 луѓе, а процентот на смртност е 1,01 отсто.

Процентот на заразени веќе преку две недели е стабилен и изнесува околу 16-17 проценти, а премиерката Ана Брнабиќ истакна дека утре во Србија стигнуваат дополнителни 40.000 вакцини од „Фајзер“.

Share
Scroll to Top