Во Србија 3.685 новозаразени од коронавирус, 47 починати

пред 4 години

Во последните 24 часа 13.590 лица биле тестирани на коронавирусот во Србија, од нив 3.685 биле позитивни, додека починале 47 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 330 пациенти се приклучени на апарати за дишење во болниците низ Србија.

Кризниот штаб за борба против коронавирусот одлучи да ги релаксира мерките поврзани со работното време на угостителските и трговските објекти, како и услужните дејности, кои ќе можат да работат до 20 часот до петок.

Share
Scroll to Top