Тинејџерка е убиена во средно училиште во село во општината Санкт Леон-Рот на југозападот на Германија, а еден ученик е во бегство, соопшти полицијата, пренесува германската агенција ДПА.
На терен има спасувачки хеликоптер и голем број полицајци, кои трагаат по сторителот.
Како што пренесува „Билд“, според полицијата, насилникот и жртвата се познавале.
Според полицискиот оддел во Манхајм, средното училиште било евакуирано, а учениците биле однесени на безбедно.
Текстот Во средно училиште во Германија убиена ученичка, еден ученик во бегство е превземен од МАКФАКС.






