Во Украина загинати 143 деца, а повеќе од 200 се повредени

пред 4 години

Амбасадата на Украина во Србија денеска ги објави податоците на генералниот обвинител на таа земја, според кои во воената акција на Русија на територијата на Украина загинале 143 деца, а 216 се ранети.

Во бомбардирањето и гранатирањето оштетени се 733 образовни институции во Украина, а 74 се целосно уништени, се наведува во соопштението.

Додаваат дека најлоша е ситуацијата во регионите Доњецк, Харков, Миколаев, Суми, Киев, Керсон, Чернихив и градот Киев.

Овие податоци, според надлежните не се конечни, бидејќи не е можно да се проверат местата на гранатирање во областите на активни воени дејствија и на привремено окупираните територии, соопштила украинската амбасада.

Share
Scroll to Top