Бројот на луѓе над 65 години во Јапонија го сруши рекордот и сега тие се 29,4 проценти од вкупното население, додека вкупниот број на жители на таа земја е намален за повеќе од три милиони, според резултатите од пописот објавен денес.
Ова е зголемување од 0,9 проценти во споредба со претходниот попис на населението од 2020 година, објавува „Кјодо“, кој проценува дека резултатите укажуваат на брзо стареење на општеството.
Населението на Јапонија, вклучувајќи ги и странските жители, се намали за 3,17 милиони, или 2,5 проценти, и сега брои 122.972.528 луѓе.
Денешните резултати се однесуваат на пописот спроведен минатата година, имајќи предвид дека пописот се спроведува на секои пет години.
Податоците покажаа дека вкупното население се намалило трет пат по ред, објавува Танјуг.
Исто така, беше утврдено дека за прв пат бројот на жители во поширокото подрачје на Токио надмина 30 проценти од вкупното население, односно дека речиси секој трет жител на Јапонија живее во или во близина на главниот град.
Текстот Во Јапонија е срушен рекорд, речиси една третина од населението е над 65 години е превземен од МАКФАКС.




