Германската државна институција задолжена за медиумите (МАББ) го забрани емитувањето на телевизискиот канал „Раша тудеј ДЕ“ во Германија поради немање лиценца, објави денеска РИА Новости.
„Комисијата на 1 февруари официјално го забрани организирањето и емитувањето на програмата на „Раша тудеј ДЕ“ во Германија, бидејќи нема потребна дозвола согласно законодавството за медиуми“, се вели во соопштението на МААБ.
Покрај сателитското емитување, регулаторот побара и да се прекине емитувањето на Интернет и преку мобилни апликации.