Германија го укина локдаунот, но некои мерки остануваат на сила

пред 4 години

Германија одлучи да го укине локдаунот поради стабилизирање на епидемиолошката состојба, но одредени мерки сè уште остануваат на сила во земјата.

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, денес изјави дека падот на бројот на заразени лица и зголемената масовна вакцинација значи укинување на мерките на блокада, но тој повика на претпазливост, имајќи предвид дека нов заразен вид на вирус е идентификуван.

„Има сè погласни барања да се стави крај на блокадата и тоа е можно, но мора да бидеме внимателни да не го загрозиме сето она што досега го постигнавме“, рече Шпан на прес-конференцијата.

Од почетокот на епидемијата, потврдено е дека во Германија се заразени 2.369.719 лица, додека починале 67.206 лица.

Share
Scroll to Top