Германија предупредува дека ситуацијата во Молдавија е исклучително критична

пред 2 години

„Не е јасно кој стои зад нападите што се случија во отцепениот молдавски регион Придњестровје“, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

Од прорускиот отцепен регион Придњестровје во Молдавија велат дека од Украина било пукано на село во кое се наоѓа складиште за муниција, а најновиот извештај предизвикува загриженост дека конфликтот во Украина може да ескалира.

Бербок во германскиот парламент рече дека ситуацијата во Молдавија е „исклучително критична“.

Украинската заменик-министерка за одбрана Хана Маљар ја обвини Русија дека е подготвена да ја користи територијата на молдавскиот регион Придњестровје како мост за движење кон Украина или кон остатокот од Молдавија.

Русија вели дека внимателно ги следи настаните во Придњестровје. Руското Министерство за надворешни работи оваа недела соопшти дека сака да избегне сценарио во кое Москва ќе мора да интервенира во регионот.

Share
Scroll to Top