Во Германија уапсен Сириец осомничен дека планирал напад врз војници

Германската полиција трага по маж кој оставил експлозив на железничката станица

пред 1 недела

Германската полиција трага по маж кој оставил торба со експлозив на берлинската железничка станица Нојкелн и побегнал кога бил запрен од полицијата.

„Ги истражуваме сите можности“, изјави за „Ројтерс“ неименуваниот полициски портпарол.

Тој посочи дека надлежните органи сè уште не го идентификувале осомничениот. Полицијата на „Икс“ извести дека осомничениот побегнал и оставил торба во која бил пронајден експлозив.

Торбата била преместена на блискиот паркинг и била извршена контролирана детонација.

Весникот „Билд“ објави дека во чантата е пронајден експлозив во прав „татрп“, кој екстремистите често го користат за напади на јавни места. Полицијата не потврди, ниту демантира дека се работи на ваков експлозив.

Текстот Германската полиција трага по маж кој оставил експлозив на железничката станица е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top