Германска министерка поднесе оставка поради обвинувања дека препишала делови од докторатот

пред 3 години

Германската министерка за семејство Франциска Гифи поднесе оставка по повеќе години обвинувања дека препишала делови од својата докторска дисертација.

„Донесов одлука да ја замолам германската канцеларка Ангела Меркел да ме разреши од фукцијата федерална министерка за семејство, стари лица, жени и млади“, соопшти во писмена форма Гифи.

Заднината на нејзината оставка е преиспитувањето на нејзината докторска дисертација во 2010 година. Комитетот на Слободниот универзитет во Берлин (ФУ) во 2019 година одлучи да не ѝ го одземе докторатот на министерката, но постапката беше повторно покрената минатата година, по што Гифи се откажа од докторската диплома.

Процесот сè уште не е завршен, но Гифи реши да се повлече сега за да владата, партијата и јавноста добијат јасна слика.

Гифи рече дека својата дисертација на тема Европската комисија ја напишала со најдобри намери и волја и дека жали што се направени грешки по тој повод.

Таа рече дека ќе прифати евентуална одлука за поништување на докторатот.

43-годишната социјалдемократска политичарка ќе ја задржи својата позиција како главен кандидат на СПД во сојузната покраина-градот Берлин.

Share
Scroll to Top