Голем скок на цените во Хрватска, инфлацијата достигна 5,8 отсто: „Полоша е само Бугарија“, пишува „Индекс“

Голем скок на цените во Хрватска, инфлацијата достигна 5,8 отсто: „Полоша е само Бугарија“, пишува „Индекс“

пред 3 часа

Потрошувачките цени во Хрватска во април годинава биле за 5,8 отсто повисоки во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика во земјата, со што инфлацијата значително забрзала на годишно ниво.

Според проценката на индексот на потрошувачки цени, во април 2026 година стапката на инфлација изнесувала 5,8 отсто во однос на истиот месец во 2025 година, додека во споредба со претходниот месец цените пораснале за 1,5 отсто, пишува хрватски „Индекс“.

Според податоците на Евростат, највисока стапка на инфлација во април во ЕУ имала Бугарија (6,2 отсто), а потоа следува Хрватска со 5,4 отсто.

Најлоша инфлација од 2023 година

Откако во декември лани изнесуваше 3,3 отсто, во јануари годинава 3,4 отсто, во февруари 3,8 отсто, а во март 4,8 отсто, инфлацијата во април, доминантно под влијание на цените на енергијата, го забрза својот раст на годишно ниво на 5,8 отсто.

Станува збор за стапка на инфлација што последен пат била забележана на ова ниво во октомври 2023 година.

Најголемо влијание врз растот на инфлацијата на годишно ниво имала енергијата, со раст на цените од 17,5 отсто.

Значително поскапеле и услугите, за 8,2 отсто, додека храната, пијалаците и тутунот поскапеле за 3,5 отсто.

Цените на индустриските непрехранбени производи, пак, паднале за 0,6 отсто.

На месечно ниво, цените на енергијата се повисоки за 4,9 отсто, индустриските непрехранбени производи без енергија за 1,7 отсто, а услугите за 1,2 отсто.

Истовремено, според првата проценка, цените на храната, пијалаците и тутунот во просек останале на исто ниво.

Во еврозоната полоша само Бугарија

Цените на добрата и услугите за лична потрошувачка во Хрватска мерени со хармонизираниот индекс на потрошувачки цени (споредлив со инфлацијата во членките на ЕУ), според првата проценка, во април 2026 година во однос на април 2025 година во просек биле повисоки за 5,4 отсто, а во однос на март 2026 година за 1,4 отсто.

Според податоците на Евростат, највисока стапка на инфлација во април во ЕУ имала Бугарија, 6,2 отсто, а потоа Хрватска со 5,4 отсто.

 

Текстот Голем скок на цените во Хрватска, инфлацијата достигна 5,8 отсто: „Полоша е само Бугарија“, пишува „Индекс“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top