Градоначалникот на Харков: Нема да му дадеме шанса на рускиот агресор да го преземе

пред 3 години

Градоначалникот на Харков изјави за Би-Би-Си дека е убеден дека украинските сили ќе го бранат градот. Најмалку три лица загинаа, а 16 се ранети во гранатирањето на вториот по големина град во Украина, изјави регионалниот гувернер.

– Верувам дека ќе го одбраниме Харков. Нема да му дадеме шанса на рускиот агресор да го преземе, тоа е многу важно за нас – изјави градоначалникот Ихор Терехов.

Тој вели дека руската офанзива напредува од север.

– Колку што знам, таму се водат жестоки битки и украинските сили успешно го одбиваат непријателот – рече тој.

Share
Scroll to Top