Градските власти на Венеција размислуваат да ја зголемат дневната туристичка такса на 30 евра

Градските власти на Венеција размислуваат да ја зголемат дневната туристичка такса на 30 евра

пред 3 часа

Градските власти на Венеција размислуваат да го прошират системот за наплата на туристички данок за влез во градот, така што ќе се применува во подолг период од годината, како и да ја зголемат дневната такса на 30 евра, изјави високиот градски функционер Микеле Зуин, објави Ројтерс.

Зуин, кој е градски советник задолжен за буџетот и даноците, рече дека сегашната такса од 5 до 10 евра е прениска за да го заштити градот од прекумерен туризам, но истакна дека новата цена за 2027 година ќе треба да се разговара и да се постигне договор со владата.

„Сегашната такса е прифатлива за речиси сите, па затоа постои ризик таа повеќе да нема ефект на одвраќање што треба да го има оваа мерка“, изјави Зуин за локалниот весник „Газетино“.

Во изјава објавена денес од бројни национални медиуми, советникот рече дека дури се зборува и за зголемување на 50 евра, но додаде дека властите би можеле да одлучат за максимална компензација од 30 евра.

Туристичката такса, која се однесува само на посетителите кои доаѓаат во Венеција на еден ден, беше воведена во 2024 година, како прва таква мерка во светот.

Оние кои купуваат билети порано, плаќаат пониска цена, а има и неколку исклучоци, вклучувајќи ги и децата под 14 години.

Во 2026 година, системот беше на сила во одредени денови во периодот од 3 април до 26 јули, од 8:30 до 16 часот, и донесе повеќе од 5,2 милиони евра во градската каса од продажбата на нешто помалку од 680.000 билети.

Во градот кој долго време се бори со прекумерен туризам и депопулација, локалните власти велат дека овој потег има за цел да ги охрабри посетителите да ги избегнуваат најпрометните периоди од годината, како што е празникот Први мај.

Текстот Градските власти на Венеција размислуваат да ја зголемат дневната туристичка такса на 30 евра е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top