Грета Тунберг доби поштенска марка

пред 5 месеци

Шведската тинејџерка и активистка за заштита на животната средина, Грета Тунберг, ќе се појави на поштенска марка што ќе биде издадена утре во нејзината родна Шведска и е дел од серијата еколошки марки.

„Мотивите на поштенските марки треба да го одразуваат нашето време во кое проблемот со животната средина е релевантен и присутен многу години, не само преку силниот глас на Грета Тунберг“, се вели во соопштението на шведската поштенска компанија Постнорд.

Една поштенска марка со Тунберг во нејзиното карактеристично жолто мантилче и со плетенка додека стои на врвот на еден рид е дел од серијата од пет марки на тема „Скапоцена природа“. Една чини 12 круни (1,4 долари).

Тунберг, која наполни 18 години, се стекна со светска слава со своите соло протести пред шведскиот парламент во Стокхолм, кои започнаа на 20.08.2018 година.

Студентите ширум светот наскоро го следеа нејзиниот пример, спроведувајќи редовни големи протести.

Share

4Anime 4anime official site: Dragon Ball Z (Dub) (https://4anime.biz/m/Dvv) Episode 291

WCOStream wcostream dragon ball super: That Time I Got Reincarnated as a Slime Season 2 Episode 12

Scroll to Top