Пратеникот на грчката владејачка партија, Милтос Хрисомалис е казнет за време на инспекција во Атина, за кршење на забраната за движење, објавија денеска грчките медиуми.
Хрисомалис е казнет со 300 евра затоа што бил пронајден во холот на хотел во луксузната област Колонаки, објави грчкиот весник „Катимерини“.
Имено, во холот на хотелот можат да бидат само регистрираните гости.
Нова демократија во соопштението за јавноста соопшти дека генералниот секретар на парламентарната група на партијата, Јоанис Бугас, сериозно го прекори својот пратеник.
Во изјава за информатичката страница „Прото тема“, Хрисомалис рече дека бил на состанок со новинар и дека и двајцата имале маски.