Гутереш во посета на Украина

пред 4 години

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш следната недела ќе го посети Киев, соопшти прес-службата на Светската организација.

Гутереш на 28 април ќе се сретне со украинскиот министер за надворешни работи Дмитриј Кулеба, а потоа ќе биде примен од претседателот Володимир Зеленски, пренесува Интерфакс Украина.

Гутереш ќе се сретне и со вработените во агенциите на ОН во Украина и ќе разговара со нив за зголемување на хуманитарната помош за Украина.

Share
Scroll to Top