Данска ги укинува мерките за Ковид-19

пред 3 години

Данска ќе ги укине сите епидемиолошки мерки на почетокот на следната недела и покрај постојаното зголемување на бројот на заразени со коронавирус.

Според весникот „Јиландс Постен“, кој се повикува на неименувани извори во владата, премиерката Мета Фредериксен на крајот на месецот ќе ги укине сите ограничувања за Ковид-19.

Одлуката на Владата, која се уште не е официјално потврдена, ќе следи по препорака на епидемиолошката комисија.

Таа комисија повеќе не сака короната да биде наведена како опасност за општеството.

Од понеделник, 31 јануари, треба да се укинат сите мерки како обврската за носење маски во затворени простории или правилото 3G за настани.

Ќе се задржат само правилата за тестирање и карантин при влез во државата.

Иако бројот на заразени во Данска драстично расте, ситуацијата во болниците остана стабилна.

Експертите укажуваат на полесна форма на болеста и висока стапка на вакцинација на Данците.

Велика Британија ги укина сите епидемиолошки мерки.

Share
Scroll to Top