Данска трајно ја прекинува вакцинацијата со „aстразенека“

пред 4 години

Данска целосно ќе престане да ја користи вакцината на „Астразенека“ против Ковид-19 поради можна причинско-последична поврзаност помеѓу таа вакцина и формирање на згрутчување на крвта, пишуваат денес повеќе дански медиуми, повикувајќи се на неименувани извори.

Таквиот потег ќе предизвика одложувања во кампањата за вакцинација во таа земја, пренесува „Ројтерс“.

Претходно, Европската комисија објави дека нема да ги обнови договорите за вакцини со компаниите „Астразенека“ и „Џонсон и Џонсон“ за следната година и дека официјален Брисел повеќе би сакал да се фокусира на вакцините што користат технологија mRNA, како што се „Фајзер“ и „Модерна“.

Share
Scroll to Top