Дачиќ вели дека САД ја сакаат Србија како клучен партнер: Но, има еден услов

Дачиќ вели дека САД ја сакаат Србија како клучен партнер: Но, има еден услов

пред 9 месеци

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, посочи дека САД се стремат да бидат клучен партнер на Србија, но дека услов за тоа е официјален Белград да се согласи со нивниот став за Косово, пренесува „Косово онлајн“.

Дачиќ смета дека водењето на земјата во таа насока би предизвикало големо незадоволство кај граѓаните на Србија, пренесува „Косово онлајн“.

„Не е спорно дека САД сакаат да бидеме нивни клучен партнер, но под услов да се согласиме со нивниот став за Косово. Ни велат да не зборуваме за минатото и треба да кажеме во ред. Ако Вучиќ каже дека нема да се занимаваме со Косово, ќе го признаеме, ќе го пуштиме во ОН и ќе бидеме лидер. А нашите ќе нѐ проколнуваа“, изјави Дачиќ за српски „Курир“.

Тој изјави дека Западот нема механизми за притисок врз косовскиот премиер Аљбин Курти, а има да се истражуваат изборите во Србија.

Тој се осврна и на односот со опозицијата и нивните средби со европските претставници и нагласи дека таквото однесување ѝ штети на Србија.

Текстот Дачиќ вели дека САД ја сакаат Србија како клучен партнер: Но, има еден услов е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top