Дванаесетгодишно момче од Србија е спасено од морето во близина на Ханиоти

Дванаесетгодишно момче од Србија е спасено од морето во близина на Ханиоти

пред 3 часа

Дванаесетгодишно момче од Србија денес е извлечено во несвест од морето во близина на Ханиоти на Халкидики, Грција, по што е вратено во живот со реанимација, а потоа е хоспитализирано.

Како што објави „Прототема“, на момчето му е укажана прва помош од спасувачи кои извршиле реанимација откако е извлечено од морето.

Потоа со брза помош е префрлено во здравствениот центар во Касандрa, каде што лекарите ја стабилизирале неговата состојба a понатаму било испратено на понатамошно лекување во болницата во Солун.

Болницата во Солун соопшти дека здравствената состојба на момчето е добра и дека се лекува во детска болница, пренесува РТС.

Текстот Дванаесетгодишно момче од Србија е спасено од морето во близина на Ханиоти е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top