Двајца млади луѓе со босанско потекло меѓу убиените во пукањето во училиштето во Грац

Двајца млади луѓе со босанско потекло меѓу убиените во пукањето во училиштето во Грац

пред 11 месеци

Најмалку 10 лица беа убиени, а 12 се ранети во утринското пукање во средното училиште во Грац, Австрија, од кои седум се во критична состојба.

Меѓу загинатите има двајца млади луѓе по потекло од Босна и Херцеговина – 17-годишна ученичка со иницијали К.Ј. и девојка по име Х.А., која починала од повредите. Како што неофицијално објави „Кликс“, лекарите се борат за животот на уште едно лице по потекло од Босна и Херцеговина.

Иако Амбасадата на БиХ во Австрија во моментов нема официјални или неофицијални информации за убиени државјани на БиХ, потврдено е дека станува збор за лица кои се по потекло од БиХ, но не и државјани на таа земја.

Информациите за идентитетот на жртвите ги потврдил за „Кликс“ имамот во Грац, Сабахудин Хасиќ.

Нападот го извршил 21-годишен поранешен ученик кој, според австриските медиуми, влегол во училиштето вооружен со пиштол и пушка. Тој испукал десетици куршуми пред да изврши самоубиство во тоалетот на училиштето, каде што го пронашле полицајци кои ја евакуирале зградата.

Пукањето ја шокираше австриската јавност, а истрагата за мотивите за нападот сè уште е во тек.

Текстот Двајца млади луѓе со босанско потекло меѓу убиените во пукањето во училиштето во Грац е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top