Двајца пожарникари загинаа во голем пожар на Крит

Двајца пожарникари загинаа во голем пожар на Крит

пред 3 часа

Двајца пожарникари загинаа во голем шумски пожар, кој избувна попладнево на југот на Крит, во областа Ретимно.

Според првичните информации, двајца припадници на противпожарната служба биле заробени во возило во близина на градот Сахтурија, каде што подоцна биле пронајдени мртви.

Една од жртвите била професионален пожарникар со пет години стаж, додека другата била сезонски работник.

Пожарот избувнал во областа Крија Вриси, во општината Агиос Василиос, а пожарот во моментов се шири на три фронта. Пожарникарите кои загинале припаѓале на единицата од Агиос Фотини и, според првите информации, биле опкружени со пламен додека биле на терен.

Околностите за нивната смрт сè уште не се познати и истрагата е во тек.

Поради ширењето на пожарот, грчките власти испратија неколку апели за евакуација преку системот за предупредување за итни случаи 112. Жителите и посетителите на областите Сахтурија и Меламбес беа повикани да се евакуираат кон Аја Галина, а потоа беше издадено предупредување за областите Агиос Георгиос и Агиос Павлес.

Противпожарните екипи продолжуваат да се борат со пожарот, со помош на копнени сили и воздушна поддршка.

Текстот Двајца пожарникари загинаа во голем пожар на Крит е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top