Девет лица загинаа во судир на автомобил и камион во Индија

пред 3 години

Најмалку девет лица загинаа, а едно е повредено во судир на автомобил и камион што се случи во јужниот дел на Индија, пишува Анадолија.

Полициски претставници соопштија дека од силината на ударот животот го загубиле сите девет лица во автомобилот, а возачот на камионот е повреден и моментално е надвор од животна опасност.

Во тек е истрага за деталите за несреќата, вклучително и како во автомобилот биле пронајдени девет лица.

Околу 150.000 луѓе го губат животот во сообраќајни несреќи во Индија годишно, а најчести причини за несреќи се лошите патишта, дотраените возила, надминувањето на патничкиот капацитет на возилата и невниманието на возачите.

Share
Scroll to Top