Дмитриј Песков: Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер

Дмитриј Песков: Сè уште нема вистински обиди да се организира средба меѓу Путин и Трамп

пред 24 часа

Нема предуслови за организирање средба меѓу рускиот претседател Владимир Путин и новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Сè уште немаше вистински обиди да се организира средба меѓу Путин и Трамп“, рече Песков на прашањето дали постои можност за средба уште пред инаугурацијата на Трамп, пренесува ТАСС.

На неодамнешната телефонска прес-конференција претседателот на Руската Федерација изрази подготвеност да разговара со новоизбраниот американски претседател.

Текстот Дмитриј Песков: Сè уште нема вистински обиди да се организира средба меѓу Путин и Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top