Добил повеќе од еден милион долари на лотарија, па го изгубил лозот

пред 4 години

Ник Слетен од Тенеси во САД на 11 март дознал дека ја добил главната награда на лотарија – 1.178.746 американски долари. Проблемот се појавил малку подоцна, кога сфатил дека му го нема лозот.

„Бев вчудовиден. Не можев да поверувам“, рече Слетен, кој на 10 март го купил лозот во самопослуга. Штом дознал дека победил, Слетен побрзал кон својата свршеница да ѝ ја соопшти убавата вест, а потоа вршел и други работи, но еден час подоцна возбудата се претворила во паника кога сфатил дека му го нема ливчето.

Да бидат работите уште полоши, ако играч изгуби непотпишан лоз, некој друг може да пријави победа. Така, Слетен почнал чекор по чекор да бара каде е ливчето и конечно отишол на паркингот на продавницата. Таму тој го пронашол добитниот лоз.

Слетен успеал да си ја земе наградата и рекол дека, и покрај парите што ги добиле, тој и неговата свршеница ќе продолжат да работат и да инвестираат, но ќе купат куќа и се надеваат дека ќе живеат со помалку грижи.

Share
Scroll to Top