Додик: Подгорица направи грешка со забраната за влез на српските граѓани

Додик: Подгорица направи грешка со забраната за влез на српските граѓани

пред 5 часа

Претседателот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, денеска изјави дека Подгорица направила грешка со забраната за влез на српските граѓани, оценувајќи го тој потег како непотребен и нималку добар. Коментирајќи дека 87 српски државјани се вратени од аеродромот во Тиват, Додик од Санкт Петербург, каде што учествува на Меѓународниот економски форум, изјави дека ги разбира реципрочните мерки преземени од Србија, јавува Радио-телевизијата на Република Српска (РТРС).

Додик истакна дека „мора да престане угнетувањето на Србија од сите во околината“. „Тоа важи и за Подгорица, која деновиве не бега од таквиот однос со граѓаните на Србија. Дали на некој им се допаѓа или не, дали е убава или не, тоа е сосема друго прашање“, рече тој.

Додик оцени дека може да разбере зошто патниците биле депортирани „ако претходно биле на списоците на лица на кои им е забранет влез“.

„Меѓутоа, ако тоа не е случај, тогаш тоа е доказ за политички некоректен и непријателски однос кој неразумно и упорно се промовира дури и кон самиот српски претседател Александар Вучиќ“, рече Додик.

Според него, граѓаните на Црна Гора мора да сфатат дека доколку нивните власти спречат некого да влезе во земјата, мора да бидат подготвени за реципрочни мерки.

„Верувам и сакам ова да се реши што поскоро. Не можев ни да сонувам дека црногорската страна може да направи такви потези, но Србија мора да се брани. И јас сум на страната на Србија“, заклучи претседателот на СНСД.

 

фото/Depositphotos

Текстот Додик: Подгорица направи грешка со забраната за влез на српските граѓани е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top