По руската инвазија, во Хрватска досега влегле вкупно 14.340 раселени лица од Украина, главно жени и деца, покажуваат денешните податоци на Дирекцијата за цивилна заштита.
Најмногу жени дошле во Хрватска од Украина, 7.044 или 49,1 отсто и деца 5.242 или 36,6 отсто и 2.054 или 14,3 отсто мажи.
Најголем дел се во индивидуално сместување – 12.625 лица, во колективно сместување има 1.691 лице, а во прифатен центар моментално престојуваат 24 лица.
Од 25 февруари, Дирекцијата за цивилна заштита мобилизираше 38 објекти за згрижување раселени лица – три прифатни и 35 колективни сместувачки капацитети, една компанија за подготовка и испорака на храна, една компанија за перење и една компанија за превоз.