Поради големата побарувачка за експерти за одржување воени авиони, германската авиокомпанија „Луфтханза“ неодамна го формира одделот за одбрана LHT. Во основа се согласи на преквалификација и усовршување работници од други области.
LHT е деловна единица за одржување и поправка на германската „Луфтханза“, таа се грижи за повеќе од 800 клиенти во светот и има повеќе од 20.000 вработени, пишува „Дојче веле“.
Како што е наведено, често се регрутираат експерти од компании, кои работеле како доставувачи на делови, а чии производи повеќе не се барани поради преминот кон електрични автомобили.
Текстот „Дојче веле“: „Луфтханза“ ќе сервисира и воени авиони е превземен од МАКФАКС.