Европа ќе бара поблаги рестрикции на границите во внатрешноста на ЕУ

пред 4 години

Европската Комисија испрати писма до Белгија, Германија, Унгарија, Данска, Финска и Шведска во кои изразува загриженост за едностраната примена на строги мерки на границите поврзани со влегување и напуштање на тие земји, информираат од Комисијата.

„Ја потенциравме потребата, ограничувањата на движењето да бидат недискриминирачки и пропорционални. Бараме од земјите-членки да ги усогласат своите мерки со заеднички усвоените препораки и правила за слобода на движење“, рече портпаролот на Комисијата, Кристијан Виганд.

Европската комисија наведува дека земјите кои се опфатени со планот имаат рок од 10 дена да одговорат на писмото на Комисијата и да предупредат на можни законски чекори во случај да не се најде решение.

„Целта е да се најдат решенија што е можно поскоро. Тоа е во интерес на самите земји-членки “, информираат од Брисел.

Претходно, Европската комисија ги потсети сите земји-членки на договорот за заеднички и координиран пристап кон можните ограничувања на слободата на движење во рамките на ЕУ и истакна дека се очекува сите да бидат водени од овие принципи.

Share
Scroll to Top