Експлозија во џамија во Кабул, четворица загинати и повеќе од 20 повредени

пред 4 години

Во експлозија во џамија во северен Кабул денес загинаа четири лица и ранети се повеќе од 20 верници, соопшти авганистанската полиција.

Претставник на полицијата рече дека во џамијата бил поставен експлозив, пренесува АП.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, а полицијата соопшти дека истрагата е во тек.

Нападот се случи во време кога талибанците и авганистанската влада прогласија тридневен прекин на огнот поради муслиманскиот верски празник Курбан бајрам.

Share
Scroll to Top