Ердоган ја предупредува Ерменија: Прифатете ја раката на мирот, не барајте оружје од Западот

Ердоган: Израел е закана за човештвото, не само за Палестина и Либан

пред 2 години

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган денеска на состанокот на покраинските претседатели на неговата партија АКП изјави дека Израел е закана не само за Палестина и Либан, туку и за целото човештво и за светот.

„Единствената земја во нашиот регион што ја бара својата безбедност преку агресија, масакри и грабеж на земјиште е Израел. Земјата која се однесува како терористичка организација е Израел“, рече тој.

Тој посочи дека Израел „извршил варварство што ќе го засени Хитлер“, а Газа денес е најголемиот логор за истребување, пренесува Анадолија.

Текстот Ердоган: Израел е закана за човештвото, не само за Палестина и Либан е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top