Ерменија и Азербејџан потпишаа декларација за завршување на војната

пред 7 месеци

Ерменија и Азербејџан синоќа потпишаа декларација за прекин на војната во Нагорно Карабах, во посредство на рускиот претседател, Владимир Путин.

„Донесов тешка, исклучително тешка одлука за мене лично и за сите нас. Потпишав декларација со претседателите на Русија и Азербејџан за прекин на војната, со почеток од 1 часот по полноќ”, напиша ерменскиот премиер Никол Пашинијан на Фејсбук.

Тој наведе дека дека за него и за ерменскиот народ декларацијата е исклучително болна, но додаде дека одлуката ја донел врз основа на темелна анализа на воената состојба и врз основа на проценка на луѓето кои најдобро разбираат што се случува на теренот.

По објавата за декларацијата, во Ерменија се случуваа насилни протести пришто демонстрантите упаднаа  во владината зграда, a претседателот на парламентот е претепан и се наоѓа во сериозна состојба.

Сепак, и покрај декларацијата за завршување на војната во Нагорно Карабах, ерменските и азербејџанските сили ќе останат на своите сегашни позиции. Рускиот претседател Владимир Путин рече дека Русија веќе упатила мировна мисија на оваа територија.

„Република Ерменија и Република Азербејџан ќе останат на своите сегашни позиции, долж линија на контакт во Нагорно Карабах и долж коридорот што го поврзува Нагорно Карабах со Република Ерменија“, рече Путин на заедничката прес-конференција во Москва со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и ерменскиот премиер Никол Пашанијан.

Рускиот претседател истакна дека декларацијата за завршување на војната, потпишана од Баку, Ереван и Москва, на долг рок и на фер начин ќе помогне во решавање на спорот за Нагорно Карабах и ќе биде во интерес на азербејџанскиот и ерменскиот народ.

 

Share

AnimeTV demon slayer anime tv: How Not to Summon a Demon Lord Ω Episode 2

ANIMEFLIX animeflix god of highschool: Watch My Hero Academia (Dub) Episode 5 (https://animeflix.nl/m/n5Wk/ep-5)

Scroll to Top