Естонија ја обвини Русија дека стои зад пожарот во воената фабрика

Естонија ја обвини Русија дека стои зад пожарот во воената фабрика

пред 3 часа

Естонија денес објави дека руските безбедносни служби стојат зад палежот што се случи во август во естонската одбранбена компанија „Милрем Роботика“, која произведува беспилотни копнени возила за Украина.

Премиерот Кристен Михал изјави дека овој заклучок се базира на информации собрани од естонската Служба за внатрешна безбедност КАПО, објави Ројтерс.

Естонија не објави докази за своите тврдења, но рече дека инцидентот е сличен на други акти на саботажа за кои тврди дека се извршуваат по налог на Русија низ цела Европа.

Текстот Естонија ја обвини Русија дека стои зад пожарот во воената фабрика е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top